Сите знаеме дека
вежбањето е добро за нас, но дали знаеме како и на што најмногу влијае. Тоа е
одлично во зголемувањето на нашето расположение па се до секојдневните одлуки
кои ги носиме. За да се чуствуваме подобро, имаме повеќе енергија, подобриме
здравствениот живот, доволно е секој ден да одвоиме време за да се посветиме на
физичката активност. како многу популарна и секаде профатлива програма се
аеробикот и фитнесот. Еве неколку причини зошто е тоа така.
Со помош на овие
програми ние си помагаме и спречуваме таложење на вишокот килограми во нашето
тело, и ја губиме несаканата телесна тежина. Колку поинтензивна активност,
толку повеќе согорени калории. Убавината на овие вежби е што може да се прават
и во текот на денот, додека ги извршуваме секојдневните обврски. Како лесна и
едноставна ќе ја издвоиме качувањето по скали, преку која се активира цело
тело.
Добри се за
нашата здравствена состојба. Преку нив го спречуваме покачувањето на крвниот
притисок. Без разлика на нашата моментална тежина, со аеробикот,зумба
и фитнесот ги намалуваме триглицеридите во нашето тело и го зголемуваме нивото
на Хдл густината, или нашата крв циркулира без проблеми и го намалуваме ризикот
од кардиоваскуларни болести.
Всушност со
редовното вежбање се лишиме од широк спектар на здравствени заболувања, како
: помал ризик за мозочен удар,
депресија, дијабетис тип 2, артритис и многу други.
Го подобруваме
нашето расположение. Доколку сме нервозни и напнати од секојдневните оврски,
ова лесно може да го решиме со мал тренинг. Преку фузичката активност ги
стимулираме мозочните хемикалии кои не прават посреќни и порелаксирани. Го
подобруваме мислењето за нас и со тоа имаме поголема самодоверба.
Имаме поголема
енергија. Со редовно применување на било која од овие 2 програми, ние ја
подобруваме нашата мускулна сила и физичка издржливост. Вежбањето им дава
повеќе кислород и хранливи материи на нашите ткива и помага на
кардиоваскуларниот систем подобро да работи. Поради ова, срцето и белите
дробови ни работат поефикасно, затоа имаме повеќе енергија во текот на целиот
ден.
На овој начин
може да си ги решиме и проблемите со неспиење или несоница. Заспиваме многу
побрзо и спиењето е поквалитетно. Секако убаво е да се знае, дека аеробикот и
фитнесот не треба да ги применуваме во доцните часови, бидејќи на тој начин го
будиме телото и потоа треба време за истото да се смири и да се подготви за
сон.
Да не заборавиме
дека вежбањето и физичката активност можат да бидат и многу забавни. Ни даваат
можност да се равиваме да уживаме на отворено или во природа, доколку се решиме
да вежбаме надвор, едноставно преку нив се вклучуваме во активности кои не
прават среќни.
Преку истите може да запознаеме нови познанства или да ги
правиме заедно во друштво и на тој начин да создадеме забавен и пријатен
амбиент за сите. Фитнесот и аеробикот се одлични за сите возрасни граници,
затоа и многу од нас ги применуваат.
Најбитно е да најдеме физичка активност во која пред се ќе уживаме.

No comments:
Post a Comment